Фиорентина објави дека уште двајца нејзини фудбалери се заразени со Коронавирус.

Позитивни тестови покажаа напаѓачот Патрик Кутроне, позајмен од Вулверхемптон, и дефанзивецот Херман Песеља.

Исто така, зараза е констатирана и кај физиотерапевтот Стефано Дајнели. Вчера беше јавено дека прв позитивен во клубот е српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.