Откако Матиа Перин доби позитивен тест за Ковид-19 и испадна од конкуренција за денешното соочување со Наполи, уште еден играч на Џенова е надвор од стројот поради истата причина.

Лас Шоне бил позитивен на второто тестирање и нема да биде дел од тимот за денешното гостување на „Сан Паоло“.

Останатите играчи меѓу кои е и Горан Пандев се негативни и ќе може да конкурираат за првиот тим на Џенова.

Според последните најави, нашите репрезентативци Горан Пандев и Елиф Елмас нема да бидат меѓу стартерите за денешниот дуел на Наполи и Џенова.