Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев повеќе од извесно е дека нема да оди во пензија, туку ќе потпише едногодишен договор со Џенова и ќе игра во новата сезона во Серија А.

Ова го пренесуваат неколку познати новинари од Итлаија меѓу кои и Ди Марцо и Романо од Скај. Според нив, преговорите меѓу Пандев и Џенова се во завршна фаза и се очекува да бидат официјално потврдени со нов едногодишен договор.

Пандев се пензионираше од националниот дрес, но остави простор да размисли за тоа дали ќе игра фудбал барем уште една сезона во Џенова.

Македонскиот ветеран е во Џенова од 2015 година, досега одигра 156 натпревари и постигна 28 голови.