Фудбалот во Чешка се враќа за десет дена, односно на 23 мај, откако клубовите од првата лига се согласија првенството да продолжи.

Покрај прволигашкиот ќе се врати втората лига во Чешка, по пауза од два месеци. Први на мегдан ќе излезат екипите на Теплице и Ливерец, а една седмица подоцна ќе се одиграат и преостанатие мечеви.

До крајот на првенството остануваат уште шест кола, како и натпреварите од плејофот, а првенствотот треба да заврши до 15.јули.