На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Стартуваше со блескав триумф од 4:1 против Словенија. Зоран Бошковски – Чоко беше стрелец на првиот гол.

Историскиот натпревар на фудбалската репрезентација ќе биде емитуван на МТВ 3, средбата можете да погледнете од 20-30 часот.

На тој натпревар Македонија играше во состав: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јованоски, Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски, Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски, Тони Мицевски. Во игра влегоа и: Неџмедин Мемеди, Ванчо Мицевски, Горан Георгиевски и Сашо Милошевски. Селектор: Андон Дончевски.