В четврток, 19 март, ќе има вонреден состанок на раководството на Премиер лигата со претставниците на клубовите. На овој состанок ќе биде решена судбината на актуелната сезона, пишува Sky Sports.

До тогаш ќе има и заклучоци од УЕФА, која свој состанок ќе има во вторник.

Премиер лигата е ставена на пауза до 4 април, но на сите им е јасно дека и тогаш ќе нема услови за фудбал.

Едно од можните решенија е да се прогласи Ливерпул за шампион и конечно да се стопира сезоната. Ливерпул би го признале сите екипи освен Тотенхем и Вест Хем, кои имаат резерви по ова прашање.