Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоахим Вацке истакна дека минатото лето се обидел да го намами тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп да се врати во германскиот клуб.

„Знаев дека Јирген ќе ме одбие, дека ќе го исполни својот договор со Ливерпул. Тој секогаш ги почитува договорите. Ако сакаш да одиш по нов пат, тогаш морав барем да го прашам дали би можел да го замисли тоа.“ – наведува Вацке во својата книга „Вистинска љубов, живот со Борусија Дортмунд“.

Клоп имав урнебесен одговор за Јирген кој го кажал за биографијата за директорот.

„Ми ѕвонеше телефонот додека бев во авион и Аки ми вели дека морам да се вратам. Се смеев и помислив дека се шегува. „Глупав си, да не си пијан? Како ти падна таква идеја на памет, јас имам уште неколку години во Ливерпул.“ Не знам колку беше сериозен во тој момент, но сфатив дека сака одговор од мене.“ – рекол Клоп.

Клоп за седум години во Борусија освои две титули во Бундеслигата, а во 2015 замина од таму и застана на чело на Ливерпул со кој минатата сезона ја освои Лигата на шампиони.