Џини Вајналдум летово како слободен играч пристигна во ПСЖ од Ливерпул. Иако беше на чекор до трансфер во Барселона, сепак искусниот играч на крај се реши за побогатата понуда од Париз.

Фудбалската јавност беше убедена дека поранешниот фудбалер на Ливерпул ќе има многу важна улога на „Паркот на принцовите“, но после неколку месеци, Вијналдум првенствените натпревари и понатаму ги стартува од клупата за резервни фудбалери.

„Не можам да кажам дека сум целосно среќен, искрено, не очекував ваква ситуација. Сепак, таква е фудбалската игра и ќе морам да се носам и со ова. Јас сум борец и ќе морам да ја свртам ситуацијата во своја корист. Нормално е да бидам загрижен кога не игра, а тоа е така затоа што јас во изминатите неколку години бев навикнат редовно да играм“- изјави 30-годишниот Вијналдум.

Откако се пресели во Париз, репрезентативецот на Холандија одигра 11 натпревари, на кои не постигна ниту еден гол и не се запиша во листата на стрелци. На последните пет првенствени натпревари само на еден доби шанса да биде во почетниот состав затоа што предводникот на „светците“, Маурицио Покетино, повеќе верува во тандемот Марко Верати – Идрис Гаје.