Италијанската фудбалска федерација започна со вакцинација на фудбалерите кои би можеле да земат учество на престојното Европско првенство што ќе се одржи ова лето.

Од страна на Фудбалскиот сојуз на Италија, од селекторот Роберто Манчини било побарано да состави листа од 35 потенцијални репрезентативци на кои би сметал за континенталниот собир се со цел тие да бидат вакцинирани на време и со две примени дози да го дочекаат стартот на турнирот.

„Денеска беа вакцинирани 12 играчи во Рим и 14 во Милан, а вакцинацијата се одвиваше според инструкциите на селекторот, Роберто Манчини. Потоа, овој број ќе биденамален во зависност од тоа кој ќе биде избран за Европското првенство“, -изјави Гравина.