Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано направи мала анализа на составот кој Зинедин Зидан го извади на последниот меч од Ла Лига против Мајорка на кој „кралевите“ изненадувачки загубија.

Според него неколку фудбалери не се трудат доволно, а дуото Јовиќ -Бензема вели дека неможе да игра заедно, бидејќи изгледаат очајно кога се двата на теренот.

 

„Зидан одлучи да им верува на играчите со кои работеше цела недела, но на теренот тоа едноставно не функционираше. Јовиќ не успева да се поврзе со Бензема, не можат да играат заедно. Иско мора многу да се потруди за да се врати на своето ниво, во овој момент е многу далеку од тоа. Мора да се врати во тимот и да помогне со својот фудбалски талент. Работата со Винисиус бара многу повеќе работа“– заклучува Валдано во анализата за „Ел Трансистор“.