Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини изјави дека имал симптоми на Ковид-19 пред мечот со Валенција во Лигата на шампионите, но тој седеше на клупата на својата екипа.

На оваа изјава на Гасперини реагираше Валенсија со официјално соопштение.

„Изненадени сме од изјавата на Гасперини, ваквото однесување е недозволиво, тој стави под ризик голем број на луѓе, можеше да предизвика катастрофа,ние сме разочарани“ – се вели во дел од соопштението на ФК Валенсија.