Шпанска Валенсија со соопштение до јавноста потврди дека има двајца заразени со Коронавирусот.

Од Валенсија не објаснија дали станува збор за фудбалери или членови на техничкиот тим, но посочија дека ги следат сите протоколи за заштита од вирусот.

Ова доаѓа непосредно по објавата на Атлетико Мадрид каде има двајца фудбалери заразени ссо Ковид-19.

Валенсија беше елиминирана од Аталанта во осминафиналето од ЛШ.