Според медиумите во Италија и Шпанија  Валенсија сака да им забрани на навивачите на Аталанта да не пристигнат во Шпанија во рамки на реванш дуелот  Лигата на шампионит, меч кој ќе се одигра на 10

Причина за ова е коронавирусот, кој ја зафати северна Италија, особено во регионот на Ломбардија, каде се наоѓа и Бергамо, градот од кој доаѓа Аталанта.

Според Tuttosport, Football-Espana.net и многу други, Валенсија размислува за целосна забрана на навивачите кои патуваат од Италија за вториот натпревар на 10 март.

Аталанта го доби првиот меч со 4-1, а „Лас Провинциас“ излезе со статија дека еден од новинарите што присуствувал на тој натпревар на „Сан Сиро“, 44-годишниот Кике Матеу, му бил дијагностициран Коронавирус откако се вратил во Шпанија.