Ернесто Валверде потврди дека Иван Ракитиќ нема да е во составот на Барселона за мечот против Виљареал кој се игра вечерва на „Камп Ноу“. Хрватскиот репрезентативец минатото коло против Гранада ги одигра првите минути во Ла Лига сезонава, но очигледно Валверде не беше задоволен од неговата игра.

„Иван нема да е дел од екипата, поради технички причини, а не дека е повреден. Тој тренира со остатокот од екипата, но има многу фудбалери и не може сите да играат“-потенцираше Валверде.

Вечерва свое деби сезонава се очекува да има Дембеле кој се враќа по тешката повреда.