Тренерот на Барселона Ернесто Валверде за лошите резултати на „каталонци“ алиби бара во судиите кои на 6 меча против Барселона досудија 3 пенали.

„Не играме добро на гостувањата, а за тоа сме виновни ние, но има и други фактори. Мислам дека не е нормално да досудат три пенали против нас во шест натпревари. Факт е дека, во одбраната не сме најдобри и против Бетис и Валенсија примивме голови и покрај тоа што доминиравме на теренот“, коментира Валверде.

За шпекулациите дека му се ниша столчето, Валверде одговори:

Во моментов е важно да откриеме што не чини во играта и да се подобриме. Минатата сезона исто така имавме проблеми но ги надминавме. Инаку за сите тренери ситуацијата е јасна. Во оваа професија важни се резултатите, посебно во клуб како Барселона секој тренер е на работ при секој лош резултат“.

Каталонците“ лошо го почна шампионатот со два порази во првите пет натпревари и е на осмото место на табелата. Во ЛШ среќно освоија еден бод на гостувањето кај Борусија Дортмунд. Во саботата Барса изгуби на гостувањето кај Гранада со 2:0.