Барселона и се врати на победите по триумфот над Виљареал со 2-1, меѓутоа оваа победа е во втор план по новата повреда на Меси. Каталонците повторно ги загрижи Лионел Меси за кој оваа сезона би можела да биде многу тешка сезона, првенствено поради физичките проблеми.

Аргентинецот вчера по прв пат беше стартер, но Ернесто Валверде мораше да го замени на полувремето што е додатна грижа за сите во каталонскиот клуб. Колку значи Аргентинецот за „каталонците“ зборува и изјавата на Валверде по натпреварот.

„Кога нешто ќе му се случи на Меси, светот застанува. Но не е ништо страшно и го заменив поради мерки на претпазливост“, изјави Валверде.

Меси денес го очекуваат нови прегледи, а некои медиуми пишуваат дека повредата е од потежок карактер и го очекува долга пауза.