Поранешниот напаѓач на Ајакс, Марко ван Бастен, го критикуваше клубот поради најавеното купување на 19-годишниот Антони од Сао Паоло, за кого треба да даде 20+5 милиони евра, што е клупски трансфер рекорд.

Во Ајакс луѓето имаат голем уста. Сакаат да се фалат дека имаат фантастична академија, дека е таа највредниот дел од клубот, а истовремено сакаат за огромни пари да купат млад играч. Тоа е апсурд. Парите треба да се трошат за својата младина и за тие што ја подготвуваат“.

Вредноста на рекордниот трансфер ќе биде 20 милиони евра, плус уште 5 милиони евра во вид на бонуси.