Поранешниот репрезентативец на Холандија, Марко ван Бастен ги коментираше Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

„Кристијано Роналдо е прекрасен фудбалер, но тие кои тврдат дека тој е подобар од Меси или се неискрени или не го разбираат фудбалот. Меси е уникален и неповторлив. Такви се појавуваат еднаш на 50 или на 100 години. Меси се роди како гение“, рече ван Бастен

Марко ван Бастен настапувал за Ајакс и за Милан а во кариерата освои три „Златни топки“.