Марко Ван Бастен е фудбалска легенда на Холандија, се посрамоти со употреба на нацистички слоган, „Зиг Хајл“ по мечот меѓу Ајакс и Хераклес.

Холандската легенда го извика како „поздрав“ за германскиот тренер на Хераклес, несмансна реакција или намерна, тоа ги загрижи љубителите на фудбалот во Холандија.

Казната стигна, спортскиот канал „Fox Sports“ го суспендираше Ван Бастен, тој извесен период нема да соработува со овој канал каде често е стручен коментатор од преносите во фудбалскиот шампионат во Холандија.

Ван Бастен се извини за постапката, сакал да направи шега која на крајот му донесе многу критики.

„Не сакав, ниту имав намера некого да шокирам и да повредам. Јас се извинувам. Требаше да биде шега, а излезе – глупава шега“ – изјави Ван Бастен.