Навивачите на Ливерпул се во очекување на новата сезона во Премиер лигата, но се во очекување и на нови засилувања и стабилизација на формата.

Јирген Клоп потврди дека неговите фудбалери ќе мора повеќе да се трудат на официјалните натпревари откако беа три пати поразени во четири натпревари на контролните средби ова лето. Токму натпреварот со Наполи кој Ливерпул го загуби со 3:0 бил повод за сериозна караница меѓу Ван Дајк и Јирген Клоп.

Островските медиуми најавуваат дека стоперот на „црвените“ имал поинакво мислење во однос на неговиот тренер и барал одговори за играта која ја прикажале во дуелот со Наполи.

Ова дополнително ги разгорело страстите во соблекувалната на Клоп каде имало мало незадовоство од ангажирањето на дел од помладите играчи кои добија шанса во одстиство на Салах, Мане, Фирмино, Шакири и Кеита.