Управата на Интер веќе стапила во контакт со Манчестер Јунајтед околу евентуална позајмица на една сезона на Дони Ван Де Бек.

Холанѓанецот е прв избор на Интер за директна замена за Кристијан Ериксен кој поради непријатната ситуација на ЕП, најверојатно ќе ја заврши кариерата пред време.

Ван Де Бек немаше сезона за паметење во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, кој пак е расположен да го одстапи на една сезона како позајмен, со цел креативецот да се врати во посакуваната форма.

Преговорите веќе започнале и наскоро се очекува потврда на оваа најава, тврдат медиумите од Англија и Италија.