Плејмејкерот на Ајакс, Ван Де Бек ги завршил преговорите со Манчестер Јунајтед, играчот прифатил 5 годишен договор и сега останува уште двата клуба да се договорат околку трансфер оштетата, пренесуваат медиумите од Англија.

Ајакс за Ван Де Бек бара околу 60 милиони евра, додека Јунајтед верува дека ќе успее да го добие играчот за двојно помалку поради кризата од коронавирусот. Поранешниот голман на Јунајтед, Едвин Ван Дер Сар кој сега е спортски директор на Ајакс предходно најави дека играчите нема да бидат продавани по било која цена.

Солскјер верува дека со ангажманот на Ван Де Бек, ќе создаде на сериозна конкуренција во средниот ред а воедно ќе има алтернатива во случај Погба да одлучи да си замине од Манчестер.