Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Тотенхем, Рафаел ван дер Варт по големото дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, го искритиукува стоперот на „Црвните ѓаволи“ Хари Мегвајер кој ова лето дојде од Лестер за сума од 90 милиони евра.

Англикскиот репрезентативец не е на очекуваното ниво, иако вчера одигра сосема солидно против напаѓачкото трио на Ливерпул.

„Кога гледам аматерски селски клуб во недела, можам да видам тројца играчи кои играат исто како него. Зборуваме за играч вреден 90 милиони евра, ако Мегвајер е толку вреден, тогаш Ван Дијк вреди 300“ –рече Холанѓанецот.

Столбот на одбраната на Оле Гунар Солскјер десет пати ја „исчисти“ опасноста пред својот гол, дури половина повеќе од сите на теренот.