Манчестер Сити победи против ПСЖ со 2:1 во меч од петтото коло на Лигата на шампионите. ПСЖ водеше од 50-тата минута со голот на Килијан Мбапе, а потоа граѓаните направија пресврт преку Рахим Стерлинг во 63-тата минута и Габриел Хесус во 76-тата минута.

ПСЖ е еден од најголемите фаворити за освојување на Лигата на шампионите, но многумина мислат дека не се во состојба да дојдат до крајот.

Најмногу тоа се однесува на неможноста за играње квалитетен пресинг, каде со своето незалагање највеќе се покажува Лионел Меси. Токму на тоа се осврна легендарниот холандски фудбалер Рафаел Ван Дер Варт.

„Тоа навистина прави да ми биде жал. Тоа е прашање на желба. Меси на теренот изгледа слабо ако не постигне гол и не асистира. Овој натпревар го одигра лошо. Кога ќе го видите Роналдо, тој се бори и сака да го одведе тимот на повисоко ниво. Меси се шета на теренот и се прашувам зар не му се срам? Почнувам да се нервирам поради тоа. Тој е играч кој никогаш повеќе нема да се роди. Почна уште кај Куман, како да не му се работи“– изјави Холанѓанецот во анализата на мечот.