Поранешниот репрезентативец на Холандија, Рафаел Ван Дер Варт испрати големи честики до Горан Пандев за тоа што го направи нашиот капитен за репрезентативниот фудбал во Македонија.

Ова доаѓа по победата на „Лалињата“ над Македонија во последното коло од групната фаза на ЕУРО 2020 на кој Вајналдум му подари дрес на Пандев и го привлече вниманието на спортската јавност.

„Мислам дека тоа беше одличен гест. Горан Пандев е Јохан Кројф за Македонија. Ме лазеа морници кога Пандев излегуваше од теренот, за малку ќе заплачев. Мислам дека е прекрасно што играчи како него се испратени на ваков начин.“ – вели Ван Дер Варт.

Пандев доби дрес од Холандија со бројот 122, колку што има и настапи Пандев во националнит дрес на Македонија.