Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк ја доби наградата за најдобар играч на УЕФА за минатата сезона во Лигата на шампионите.

Ван Дијк победи во трката со Меси и Роналдо во која пресудни се гласовите од новинарите ширум светот.

Предходно Ван Дијк доби уште едно признание за одличните игри во дресот на Ливерпул во освојувањето на ЛШ. 

Кај дамите, за најдобар беше избрана Луси Бронз која минатата сезона ја освои Лигата на шампионите со Лион.