Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси го посоветува својот поранешен клуб да ги обезбеди услугите на Единсон Кавани од ПСЖ.

Ако ме прашате кој му треба на Манчестер Јунајтед во нападот, мојот одговор е Единсон Кавани од ПСЖ. Тој е во одлична форма и е проверен бомбандер и вистинска гол-машина. Тој своите квалитети ги покажа во Наполи, во ПСЖ и во репрезентацијата на Уругвај. Со него од самиот старт на сезоната можете да сметате на 25 голови. Сум го гледал, сум играл против него и велам дека е правилен напаѓач. Јас би го избрал него“, изјави ван Перси.

Вчера Кавани прослави јубилеен 200-ти гол во дресот на ПСЖ, со што стана најдобар стрелец во историјата на клубот. За да ги постигне му биле потребни само 298 средби.