Агентот на Мауро Икарди и неговар сопруга, Ванда Нара вели дека Аргентинецот се уште не знае каде ќе настапува следната сезона.

Тој во моменто е на позајмца во ПСЖ од Интер, кои навестија дека немаат намера да го вратат на „Џузепе Меаца“. За Икарди интерес пројавува и Јувентус.

Дали Мауро ќе замине во Јувентус? Навистина не знам. Не знам дали следната година ќе се вратиме во Милано или Париз. Во фудбалот никогаш не знаете. Тој ќе избере, а јас ќе го поддржам во секоја негова одлука“ -изјави Ванда.

Икарди во дресот на „Светците“  постигна 11 голови  на 18 настапи во Лига 1 во Франција. Французите доколку сакаат да го ангажираат Икарди ќе мора да платат 70 милиони евра.