Иако за него се заинтересираните новите богаташи во светскиот фудбал, напаѓачот на ПСЖ нема да продолжи кариерата во Њукасл.

А причината за одбивање на богатата понуда е сопругата Ванда, која има бизнис проекти во Париз и не сака да го напушти главниот град на Франција.

Икарди нема голема минутажа сезонава, конкуренцијата во нападот е многу силна. Затоа новите сопственици на премиерлигашот се надеваа дека ќе ја искористат ситуацијата и ќе го донесат Аргентинецот, но од тоа нема ништо.

Икарди има договор со Светците до 2024 година, а дури и ако си замине пред истекот на договорот, тоа не би било во Англија, туку во Италија или некоја друга земја каде што времето е потопло, бидејќи тоа е желба на жена му, која го води главниот збор.