Кариерата на Виктор Ванјама не се разви според очекувањата на дел од островските познавачи на фудбалот.

Деструктивниот плејмејкер по трансфер од Саутепмтон во Тотенхем се очекуваше да стане еден од најдобрите на својата позиција во Европа но по низата повреди, тој го загуби ритамот но и статусот во екипата на Покетињо.

Оваго докажува и најавениот трансфер во Клуб Бриж за 14 милиони евра. Ванјама утре се очекува да ја комплетира преселбата и да стави потпис на четиригодишен договор со тимот од Белгија.