Италијанската фудбалска федерација (FIGC) на 19 ноември ќе организира состанок меѓуна кој ќе присиствуваат тренери, играчи и судии за да ги разјаснат недоразбирањата во врска со користењето на видео асистенција за судиите.

Капитените на клубовите од Серија А, тренерите и судиите ќе дискутираат за употребата на ВАР, водено на состанокот ќе бидат присутни и преставниците на медиумите, со оглед на фактот дека има многу различни толкувања кога се во прашање одлуките со помош на ВАР.

Состанокот ќе биде искористен детално да се анализираат одредени ситуации кои предизвикаа многу коментаи во јавноста во Италија.