Дефанзивецот на Реал Мадрид , Рафаел Варан излезе со интересна изјава во пресрет на утрешниот меч во рамки на Лигата на шампионите во кој ке се сретнат неговиот Реал Мадрид и Челзи.

На последните тренинзи, фудбалерите кажале дека се фокусираат на полуфиналето, ама Зидан им кажал дека нема тука никакво полуфинале, туку дека ова е финале за „кралевите“.

 

„Полуфинале? Зидан ни рече дека ова е финале. Имаме добри шанси пак да ја освоиме Лигата на шампионите, се наоѓаме блиску до мечот за титула. Досега сум освоил четири трофеја во ЛШ, ова е натпреварување кое многу ми се допаѓа. Мора да се повеќе опасни во последните триесет метри од теренот и да играме со повеќе вертикални додавања. Челзи е силен, но ние сакаме да бидеме тимот кој ќе оди понатаму“, истакна Варан.

 

Реал Мадрид и Челзи последен пат се соочија во 2016 година на пријателска средба на Интерконтиненталниот Куп на Шампиони во САД каде Реал ја однесе победата со 3-2.