Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, и покрај тоа што се врати во Мадрид и ги започна подготовките за новата сезона.

Според последните информации, 28-годишниот Французин се договорил со англискиот клуб за годишна плата 12 милиони евра и четиригодишен договор.

Варан е во Реал Мадрид од летото 2011 година. Во сезоната 2020/21, фудбалерите одиграа 41 натпревар за клубот од Мадрид, постигна два гола.

Варан се поврзуваше со трансфер во Јунајтед и во 2011 година, но тогаш реши да ја прифати понудата од „Кралевите“.