Кристијано Роналдо е еден од спортистите кои го одбележа 21 век, а Португалецот на европската сцена се појави во дресот на Спортинг Лисабон од каде премина во редовите на Манчестер Јунајтед. Раководството на португалскиот гигант сериозно ја разгледува опцијата по крајот на кариерата на Роналдо, стадионот на Спортинг да го добие неговото име во знак почит.

Стадионот на Спортинг моментно го носи името „Хозе Алваладе“, но претседателот на клубот, Фредерико Варандас изјави дека во иднина стадионот сигурно ќе го носи името Кристијано Роналдо.

„Тоа е теорија која воопшто не е несериозна. Ние би биле многу горди ако се случи тоа. Кристијано секогаш ќе биде еден од најголемите симболи на нашиот клуб. Имаме идеја нашиот стадион да го носи неговото име откако ќе ја заврши кариерата, бидејќи тој е еден од најдобрите спортисти на сите времиња“- изјави Варандас.

Роналдо синоќа стигна до уште еден рекорд, откако на мечот со Луксембург го постигна 700 гол во кариерата.