Екипата на Вардар Форино повеќе не е дел од Втората македонската фудбалска лига – Запад откако викендов не се појави на дуелот со Гостивар кој требаше да се игра минатава сабота.

Ова за Вардар Форино беше втор натпревар на кој не настапи, поради што водејќи се по правилникот, клубот е префрлен во понизок ранг.

Поради ова ВМФЛ-Запад ќе продолжи со девет клубови а во последните девет кола од сезоната по еден клуб секое кое ќе биде слободен. Вардар Форино се соочува со сериозна финансиска криза.

Во ВМФЛ-Запад лидер е Скопје пред Охрид и Велешта.

Standings provided by SofaScore LiveScore