Вардар го победи Работнички со 2-1 на пријателскиот натпревар што се одигра во Хиподром. Поради силниот дожд, тестот беше префрлен од игралиштето во Аеродром на тренинг – базата на Вардар.

Тимот на Александар Васовски славеше со головите на Аврамовски и Ибиши, единствениот гол за Работнички беше дело на Марко Клисура.