На вториот контролен натпревар на подготовките во Словенија, Вардар беше поразен од словенечкиот прволигаш Горица на стадионот во Велика Горица со 3:0. Вардарци примија брзи два гола во првите десет минути, а потоа во вториот дел уште еднаш беа совладани, за конечни 3:0. Вардарци имаа неколку шанси кои не ги искористија.

Горица поведе во 5. минута кога Двомековиќ центрираше до Ндаје кој од 5-6 метри со глава го совлада Гачевски. Во 8. минута Горица пропушти можност за брз втор гол. Но, тоа се случи во 10. минута кога по центаршутот од левата страна Ловриќ ја прими топката, го мина својот чувар и погоди во мрежата.

Во 21. минута Брдаровски центрира до Ибиши кој што упати прецизен удар, но Муса ифрли во корнер во последен миг. Во 32. минута Мицевски од слободен удар шутираше, само крај голот. Брдаровски во 40 минута се обиде, меѓутоа голманот беше на место.

Последната шанса во динамичниот прв дел ја имаа домаќините кога од слободен удар Кризманиќ шутираше, но Гачевски одбрани во корнер.

Во вториот дел во 62. минута Горица дојде до трет гол. Одлично додавање до Бабец кој излезе сам и погоди во десниот горен агол.

Се играше 72. минута кога Мицевски шутираше од 15 метри, но само во голманот, а во 85. минута се обиде Јусуф, топката заврши само крај голот.

Ова беше втора контрола на Вардар на подготовките во Словенија. Првата со Дравиња не го дочека својот крај и беше прекината во 60. минута поради дожд при резултат 1:0 за нашиот тим.

ГОРИЦА – ВАРДАР        3:0 (2:0)

Градски стадион во Нова Горица (Хрватска).

Судија: Матија Пајвот.

Стрелци: 1:0 Ндаје 5’, 2:0 Ловриќ 10’, 3:0 Бабец 62’

ГОРИЦА: Човиќ, Муса, Јовичиќ, Стинвурден, Масловски, Двомековиќ, Матиеу, Кризманиќ, Марина, Ловриќ, Ндаје.

ВАРДАР: Гачевски (46’ Илиќ), Жуниор (82’ Манасиевски), Брдаровски (82’ Трајчевски), Најдовски (77’ Серафимов), Младеновски, Димовски, Адем (82’ Ѓурковски), Игнатов (82’ Омерагиќ), Ибиши (82’ Јусуф), Мицевски (77’ Реџепи), Колевски (46’ Велковски).

Превземено од : fkvardar.mk