Македонскиот најтрофеен клуб Вардар официјално од следната сезона ќе настапува во  Втората лига Запад откако денес и теоретски ги загуби шансите за опстанок помеѓу прволигашите.

Најтрофејниот македонски тим оваа сезона се соочуваше со огромни проблеми од финансиска природа, па така додека траеа предавањата од стариот газда кон Град Скопје, Вардар не можеше на теренот да остане прволигаш.

„Црвено-црните“ денес беа поразени на гостувањето во Струга со 1-0 со голот на Алтипармаковски во 67.минута од натпреварот. Тоа значеше дека и официјално Вардар следната сезона ќе се пресели во втората лига , нешто што ќе се случи прв пат по осамостојувањето на Македонија доколку не се земе предвид фузијата со Миравци пред неколку години.

Младиот тим на Вардар не успеа да опстане во елитата и покрај вложените максимални напори од страна на „Комитите“ па останува следната сезона од втората лига да се врати посилен.