Фудбалерите на Вардар со победа над Касимпаша во Словенија ги завршија подготовките пред почетокот на сезоната во ПМФЛ.

Вардар го победи тимот на Касимпаша со минимални 1-0, решавачки беше голот на Ибиши во 55 минута од средбата.

На подготовките во Словенија  „црвено-црните“ запишаа  две победи и еден пораз, два меча не завршија  поради невреме.

Фудбалерите и стручниот штаб утре ќе го одработат последниот ден од подготовките, и во попладневните часови се враќаат во Скопје.