Лидерот во ПМФЛ, Вардар и покрај сите проблеми надвор од теренот, усепа да запише планирана победа против Македонија Ѓ.П.  3-1 на стартот од вториот дел во домашното првенство.

Головите за Вардар ги постигнаа Жунињо, Ибиши и Цветановски, за гостите од Ѓорче Петров погоди Паду во 67 минута кога намали на 3-1.

Вардар по 19 коло има 11 победи, со сигурност ја задржува првата позиција по средбите овој викенд. Македонија Ѓ.П. останува на 26 бода.

Утре се играат останатите средби:

Академија Пандев  – Шкендија

Шкупи – Борец

Ренова – Силекс

Струга ТЛ – Работнички

Сите средби започнуваат од 14 часот.