Фудбалскиот клуб Вардар потврди дека Даниел Аврамовски не е повеќе дел од ростерот на Васоски.

Финаниската криза и неизвесност која владее со Вардар е основната причина, Аврамовски да се одлучи на ваков чекот.

„Оваа сезона беше последна во дресот на ФКВардар и за Даниел Аврамовски, кој дојде во Вардар во зимскиот преоден рок 2019 година од екипата на Олимпија.Во „црвено-црниот“ дрес одигра вкупно 41 натпревар со постигнати 12 голови.Фудбалскиот клуб Вардар на Даниел, кој беше интегрален дел од минатогодишната шампионска титула му се заблагодарува на досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Благодариме Цујо!“ – соопштија од ФК Вардар.

Аврамовски пристигна во Вардар во јануари 2019 година, на 41 натпревар постигна 12 гола и беше еден од најдобрите играчи во ПМФЛ.