Со натпреварот меѓу Вардар и Борец попладнево ќе започне 29 сезона во македонското фудбалко првенство. Поради пандемијата од Ковид-19, ќе се игра без публика на трибините.

Александар Васовски најави дека посакува успешен старт на сезоната во ПМФЛ, финаниските проблеми, заминувањата на повеќемина првотимци мора да бидат оставени на страна. Вардар за прв пат по 10 години нема странски играч во составот.

Шампионот, одбраната на титулата во нашето најсилно фудбалско првенство ја започнува денеска во воведниот натпревар од првото коло против Борец на домашен терен.

Вардарци на последните три пресметки со велешани имаат две победи и едно реми, немаат примено гол.

ПМФЛ, 1 коло: 

САБОТА:
17.30  ВАРДАР-БОРЕЦ / МРТ

НЕДЕЛА:
17.30  ШКУПИ-ШКЕНДИЈА / МРТ
17.30  МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.- РАБОТНИЧКИ / tv.ffm.mk
17.30  БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС / tv.ffm.mk
17.30  ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ / tv.ffm.mk
17.30  РЕНОВА – СТРУГА Т.Л. / tv.ffm.mk