Македонскиот вицепрвак Варар во дербито на 16.коло од Прва лига на Македонија остана без целиот плен во финишот на мечот против Силекс и покрај водството од 1-2.

Иако, домаќините подобро го отворија мечот и поведоја со голот на на Цветановски во 12 минута, Вардар преку Тошевски и Цветановски во вториот дел направи целосен пресврт. Во 65 минута гостите од Скопје останаа без Мицевски кој заработи два жолти картони, а тоа знаеше да го искористи домаќинот и со голот на Костовск во 86 минута стигнаа до голем бод.

Ова реми за Вардарци и не е толку страшно бидејќи за нивна среќа главните ривали за шампионската титула Академи Пандев и Шкендија неочекувано загубија. Струмичани беа поразени на гостувањето кај Шкупи со 2-1 и покрај тоа што имаа водство, а на идентичен начин актуелниот шампион Шкендија загуби на гостувањето кај Струга Трим Лум со 3-1. Во последниот меч од ова коло Ренова и  Македонија Ѓ.П. одиграа 1-1.

По ова коло Вардар ја зголеми предноста на лидерската позиција со 32 бода, односно 5 повеќе од Академија Пандев и 8 во однос на Шкендија.