Македонскиот фудбалски клуб Вардар одигра пријателскиот натпревар против второлигашот Тиквеш кој се одигра во скопски Аеродром и заврши со резултат 3-3.

Кавадарчани поведоа со голот на Диме Иванов уште во 8. минута од натпреварот. Вардар израмни преку Реџепи во 12. минута а „црвено-црните“ направија со 2-1 во 25. минута со голот на Најдовски.

На мечот видовме уште еден пресврт сега во корист на Тиквеш со головите на Марјан Ристовски во 45. и во 57. минута.

Вардар на крајот до реми 3-3 со голот на Трајчевски во 82. минута од мечот.

ФОТО: ФК ВАРДАР