Фудбалерите на Вардар ја оправдаа фаворитската улога во 1/16 финалето во Купот против Саса, победија со 5-0 и обезбедија осминафинале.

Вардарци првиот дел го реализираа со 3-0, во второто полувреме уште два пати ја погодија противничката мрежа гза конечен триумф од пет разлика.

Головите за Вардар ги постигнаа, Цветановски кој беше двоен стрелец,по еден постигнаа Ибиши, Аврамовски и младиот Игњатов кој има само 17 години и на најдобар можен начин дебитираше во дресот на „црвено-црните“.

Резултати: 1/16 финале Куп на Македонија:

Гостивар – Шкендија 1:4
Велазерими – Работнички 0:4
Кожув – Ренова 3:3 (3:4 по пенали)
Кравари – Лабуништа 1:4
Превалец – Борец 0:4
Осогово – Победа 1:0
Фортуна – Силекс 0:4
Тетекс – Шкупи 1:5
Локомотива – Струга Трим-Лум 1:5
Охрид – Беласица 1:1 (4:3 по пенали)