Фудбалерите на Вардар во градското дерби против Работнички славеа со 0-2 во рамки на 12 коло од Првата лига на Македонија. Автор на головите за „црвено-црните“ беше Даниел Аврамовски во 76 и 93 минута.

Првото полувреме беше значајно посодржајно во кое најголемата шанса на мечот ја имаше Дарко Мицевски кој ја погоди само стативата.

Во второто полувреме и двете екипи го намалија темпото на игра и кога сите очекуваа дека нема да биде виден барем погодок Аврамовски со својот 6 гол сезонава ја најави победата, а преку една контра во 93 минута ги постави конечните 0-2, победа со која се вратија на врвот на табелата.

Работнички по овој пораз останува на фенерџиското 10 место на табелата со 10 освоени бода. Преостанатите дуели од ова коло се играат утре.