Вардарци вчера попладне го одржаа  првиот тренинг во Рогашка Слатина каде ги одработуваат главните подготовки пред почетокот на новата сезона.

На стартот стручниот штаб ги има на располагање сите фудбалери на тренинзите. Од  денеска екипата ќе тренира два пати на ден.

Првиот пријателски натпревар ќе биде одигран во четврток, кога противник на екипата на Вардар ќе биде словенечкиот тим Дравиња кој доаѓа од Словенске Коњице.