Доколку се види распоредот во последните три кола од Првата македонска фудбалска лига по се изгледа Вардар во Велес го испушти последниот воз за опстанок во македонската елита.

Наредното коло како домаќини играат против Работнички, кој во моментов е многу посилен од Вардар, а вистински пекол за црвено- црните следува после тој меч, играат на гости со Струга Трим Лум и на домашен терен со Македонија Горче Петров, два тима кои се борат за Европа.

Она што е уште полошо за вардарци е што нивниот прв ривал за опстанокот Ренова во следното коло на домашен терен ја дочекува и официјално испаднатата Беласица. Потоа на гостински терен играат со Борец од Велес, а на крајот го дочекуваат Работнички во Тетово.

Многу полесен распоред од Вардар има и Академија Пандев, која има четири бода повеќе од најтрофејниот тим. Прво гостуваат кај Пелистер, па кај испаднатата Беласица, а на крајот играат со Борец на домашен терен.

Четири бода повеќе од Вардар има и Силекс, а тие играат на домашен терен со Борец, па гостуваат кај Работнички, а завршуваат со дуел на домашен терен против Струга Трим Лум.

Борец кој е последниот реално загрозен има 5 бода повеќе од Вардар, а играат на гости со Силекс, дома со Ренова и на гости со Академија Пандев.

Standings provided by SofaScore LiveScore