Сплитски Хајдук потвреди дека Азер Омерагиќ и Леонид Игњатов се во завршни преговори  со клубот.

Според медиумите од Хрватска, Азер Омерагиќ и Леонид Игњатов се во Сплит, преговорите се во завршна фаза и се очекува потпис на овие двајца сега веќе пораешни играчи на Вардар.

Младите играчи од Вардар прво ќе играат за вториот тим на Хајдук, но ќе бидат и во конкуренција за првата екипа, пишуваат медиумите од Хрватска.