Предводникот на ФК Вардар, Александар Васоски еден ден по убедливиот пораз од Шкендија од 5:1 во ПМФЛ се јави со статуст на социјалните мрежи.

Васоски побара дебатни емисии, анализи и ВАР за подобрување на условите за фудбал во нашето првенство.

„Го повикувам господинот Емил Божиновски со време да го спречи овој циркус. Полошо судење немало во Првата лига во целото постоење, ниту пак ќе има во иднина. Има две работи од кои едната мора да е вистинита: или судиите немаат поима од судење или се корумпирани. Што поскоро е потребен ВАР и дебатни емисии со судски експерти, со име и презиме да се посочат виновниците, а дотогаш ќе бидеме сведоци на вакви лакрдии.“ –  тврди Александар Васоски.